Миха Зајц: Македонија покажа дека е силна селекција

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија со реми (1-1) се враќа од Љубљана заокружувајќи ги првите два меча од квалификациите со четири освоени бода. Словенците останаа разочарани, со оглед дека се надеваа на триумф.

Миха Зајц, стрелецот на голот за словенечката селекција, истакна дека Македонија одигра квалитетен меч и ремито е најреален епилог.

„Македонија се покажа како цврст ривал. Знаевме дека ќе биде тешко, се надевавме дека можеме до триумф, но не бевме доволно добри. Имавме и силна селекција против нас. Беше тежок натпревар, со многу дуели, жестоки стартови и нервозни моменти, и на крајот ремито се чини дека е најреален епилог“, изјави стрелецот на голот за Словенија, Миха Зајц.

Словенците имаат нерешени резултати (1-1) на последните пет одирани натпревари.

 

Се вчитува...