Михаил Маневски од Брегалница се сели во Шкендија

Фудбалерот на Брегалница Михаил Маневски е нов член на Шкендија потврдија од штипскиот клуб. Двата тима се договориле бекот од пролетниот дел од сезоната да биде дел од актуелниот шампион на Македонија.

Маневски во 2020 година во јануари стигна во Брегалница од редовите на Академија Пандев во која ја почна професионалната кариера, а во 2017 година една сезона беше исто така во Штип како позајмен фудбалер во Брегалница.

 

Се вчитува...