Михајло – ти си Вардар…! (ВИДЕО)

Михајло Михајловски е човекот синоним за Вардар. Повеќе од три децении од животот им ги посвети на „црвено-црните“. Денес како почесен претседател Михајло Михајловски со Вардар ја слави европскатѕа шампионска титула.

„Ова е еден од најрадосните моменти во мојата долгогодишна спортска спонзорска кариера. Ќе треба да помине уште некое време за да сфатиме што направивме, каков успех постигнавме. Вардар е европски шампион! Како што е Реал во дфудбал, како што е Фенербахче во кошарка. Варадар од една мала Македонија е шампион во Европа! Дали сме свесни какви две екипи победивме во Келн? Прво Барселона која е најтрофејна екипа во Европа, а утредента и ПСЖ кој важеше за фаворит и кој е клуб со најголем буџет. Тоа го направи Вардар!“ – рече долгогодишниот претседател на „црвено-црните“, Михајло Михајловски на пречекот на новите европски шампиони.

Се вчитува...