Михајловиќ: Да направев пауза и да не работев – ќе умрев!

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ се потсети на почетокот на минатата сезона во Серија А кога дозна дека боледува од леукемија. Тој на почетокот на сезоната одлучи и покрај болеста да биде со екипата на гостувањето кај Верона.

„Да, тој ден, 25. август, да не бев таму јас ќе умрев. Морав да покажам дека сум човек кој се бори. Секогаш ќе му бидам благодарен на тој што ми донираше коскена срцевина. Не знам кој е, но многу му благодарам“, изјави Михајловиќ. 

Тој додаде дека откако ја победи леукемијата, многу полесно му било да се избори со коронавирусот.

Се вчитува...