По серијата разочарувачки резултати во Серија А, Торино синоќа успеа да слави против Каљари па сега може да здивне и тренерот на „биковите“, Синиша Михајловиќ.
И покрај бројните претходни најави за негов отказ, Михајловиќ вели дека неговата позиција во Торино никогаш не била загрозена.
„Секогаш чувствував и чувствувам дека во клубот веруваат во мене, па воопшто не стравував. Мојата покзиција никогаш не беше доведен во прашање. Тоа го знам затоа што разговарав со претседателот“ – истакна Михајловиќ по синоќешниот меч со Торино, притоа дополнувајќи:
„Секако, ако не го победевме Каљари ќе беше тоа многу лоша ситуација. Но, дојдовме до заслужена победа, па сега сме на седмата позиција блиску до местата кои водат во Лигата на Европа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА