Михајловиќ: По две војни и бомбардирање, седењето дома ми е уживање

Светот е во паника поради коронавирусот, но Синиша Михајловиќ е еден од оние кои виделе многу полоши работи во животот, па сега повика на смирување на тензиите и слушање на препораките од официјалните лица. Србинот на почетокот од сезонава ја доби најтешката битка откако излезе како победник до борбата со леукемијата, а во интервју за „Газета дело спорт“ потсети дека во животот видел многу полоши работи од коронавирусот.

„Минав три месеци заклучен во болница, сега овие мерки за самоизолација за мене не се никаков проблем. Бев сведок на две војни, преживеав и бомбардирање на мојата земја, како сега седењето дома да ми биде проблем… за мене тоа е уживање. Не го потценувам вирусот, свесен сум за ризикот, затоа и мојата порака е да им се помогне на лекарите со тоа што ќе се слушаат нивните совети. Треба да сме дома, да читаме книги, да бидеме на интернет, да гледаме филмови и ТВ-серии… Сигурно има полоши работи, нели“, изјави Михајловиќ.

Воедно, тој порача и дека очекува европскиот шампионат да биде одложен, со што би се отворило простор за лигите да завршат подоцна од првичниот календар.

„ЕВРО 2020 ќе биде одложено, а ние ќе добиеме време да ја довршиме сезоната. Ќе имаме помалку време за летен одмор, но тоа е најмалку важно во моментов“, истакна српскиот стручњак.

Се вчитува...