Михајловиќ пуштен од болница – Неговата состојба е одлична

Синиша Михајловиќ ја напушти болницата Сант Орсола откако ја завршил терапијата, пренесуваат италијанските медиуми. За потсетување Михајловиќ минатото лето соопшти дека боледува од леукемија. Неколку пати беше во болница каде примаше терапија во борбата против болеста.

„Господин Михајловиќ утрово е пуштен од хематолошкиот институт Серањоли откако резултатит од антивирусната терапија биле позитивни. По мислење на лекарскиот тим кој се грижи за неговото здравје, неговата состојба е многу добра“, стои во соопштението. 

Неговата Болоња вечерва игра натпревар од Серија А на гостински терен против Рома.

Се вчитува...