Михајловиќ: Се слушнав со Златан, една работа е сигурна…

Стратегот на Болоња, Синиша Михајловиќ обелодени дека Златан Ибрахимовиќ дефинитивно нема да остане во Милан, одлука што му ја соопштил шведскиот голгетер при последниот меѓусебен разговор. Михајловиќ не крие дека сака да го види Златан во дресот на „болоњезите“, а преговорите за овој трансфер се уште се во тек.

„Ибрахимовиќ? Ми се јави пред неколку дена. Ќе видиме што ќе реши летово, но една работа е сигурна – тој нема да остане во Милан. Прашањето е дали ќе се врати во татковината за таму да ја заврши кариерата или ќе дојде кај нас“, вели Михајловиќ.

Тој напомена и дека Ибракадабра кон него се однесува на сосема поинаков начин од имиџот што Швеѓанецот го има во јавноста.

„Тој се однесува сосема поинаку кон мене отколку кон другите луѓе, многу внимава што зборува. Знам и зошто е тоа така, опасните луѓе меѓусебно се препознаваат и се почитуваат“, истакнува српскиот стручњак.

Се вчитува...