Михајловиќ: Селектор на Италија? Кој не би сакал…

Фудбалска Италија се уште не може да се опорави од шокот по елиминацијата во баражот за пласман на Светското првенство, а медиумите веќе почнаа со предлозите за нов селектор. Тој секако би имал тешка задача, откако Џампјеро Вентура остави катастрофална атмосфера со неуспехот во квалификациите за мундијалот во Русија. Како еден од кандидатите за можен иден селектор на „аѕурите“ се споменува и српскиот стратег Синиша Михајловиќ.

Тој своевремено беше селектор на Србија, а долго време работи како тренер во Серија А.

„Јас селектор на Италија? Не знам, не сум слушнал. Искрено, би ми била голема чест. Кој не би сакал да биде предводник на италијанската репрезентација?! Имам јас такво искуство, бев селектор на Србија, тоа е мошне одговорна функција“, изјави Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...