Михајловиќ во посебна изолација поради коронавирусот

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ ставен е во посебна изолација поради коронавирусот. Српскиот стратег со месеци наназад води голема битка против леукемијата и поради болеста спаѓа во ризичната група на луѓе кои лесно би можеле да бидат заразени од коронавирус.

Поради тоа лекарите на Михајловиќ го советуваа да оди во Рим, каде се помали размерите на епидемијата него на северот на Италија. Синиша одма е ставен во посебна изолација и нема да има активности кои порано ги имаше во клубот.

За потсетување фудбалот во Италија е суспендиран до 3. април, а државата во моментов е во целосен карантин поради епидемијата од коронавирусот.

Се вчитува...