Мијатовиќ: Многу сум тажен, не можев ниту да се збогувам со мојот татко – Лоренцо Санс

Едно од најголемите имиња на Реал Мадрид, Црногорецот Предраг Мијатовиќ кој на „кралевите“ им ја донесе седмата европска титула не може да се помири со смртта на својот голем пријател Лоренцо Санс, човекот кој го донесе во Мадрид.

Санс пред неколку денови беше примен во болница во лоша здравствена состојба со изразена пневмонија и отежнато дишење, а во последните два дена состојбата се влоши откако инфекцијата се префрлила и во бубрезите. По 48 часа борба на респираторна машина, Санц почина на 76-годишна возраст, што ги растажи искрените фановите на Реал Мадрид. Мијатовиќ имаше специјален однос со Санс, како што вели, поради што болката е неизмерно голема.

„Ова е навистина многу сурово. Не можевме да одиме да го посетиме поради заразата која се шири. Се уште не можам да поверувам. Тој е мој татко кого многу го сакав. Направи се за мене, ме донесе во Реал и потоа многу работи ги доживеавме заедно. Беше многу важна личност во мојот живот, постојано си праќавме пораки, ручавме заедно од време на време, бевме навистина блиски“ – вели Мијатовиќ и дополнува:

„Многу сум тажен. Беше фантастична личност и голем претседател, еден од најдобрите во историјата. Многу ми е тешко затоа што не можев ниту да се збогувам со него, се надевам дека Реал ќе го испрати како што заслужува кога ќе заврши сето ова. Ни отиде претседател кој одбележа една голема ера“.

Се вчитува...