Предраг Мијатовиќ прифати да биде дел од управата на Партизан во периодот на огромни финансиски долгови, поранешниот голгетер го прифати предизвикот, иако е свесен дека консолидацијата нема да трае премногу кратко.
Во изјава за емисијата „Агапе“ водена од Александар Гајшек, Мијатовиќ говореше за обврската што ја чувствувал кон клубот што му помогнал да ја лансира играчката кариера.
„Тоа беше моја обврска, така го чувствував. Партизан ме смести на фудбалската мапа, направи од мене фудбалер предодреден за големи работи, сега треба јас да возвратам за она што ми беше дадено… Ако Будуќност е средно училиште, Партизан е мојот фудбалски факултет. Партизановец сум длабоко во душата, кога почнаа разговорите знаев дека сега е моментот да се вратам, да помогнам. Тешко е, но во ниту еден момент не се покајав, напротив, мило ми е што сум овде“, изјави Мијатовиќ.
Тој откри и која му е главната цел што си ја има зацртано пред себе како предводник на црно-белиот проект.
„Јас нема да се смирам додека Партизан не игра во Лигата на Шампионите. Ќе продолжам да работам напорно за тоа да се случи“, оптимистички порача легендата на „црно-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

