Мик Шумахер ќе остане дел од Ф1 како тест возач

Мик Шумахер, синот на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер не ја доби довербата од тимот на Хас за следната сезона по што нема да се натпреварува на стазата, но ќе остане дел од најбрзото натпреварување на светот како тест возач за Мердецес.

Германецот на големата сцена дебитираше во 2020 година по освоената титула во Ф2 шампионатот, вкупно освои 12 бода во две сезони, најдобриот пласман му беше шестата позиција, но во времето поминато на стазата се наметна како возачот со најголем финансиски прошок кон својот клуб со оглед на штетите кои ги направи на болидот.

Се вчитува...