Мик Шумахер по стапките на својот татко – со идентичен резултат до први поени во Австрија (ФОТО)

Мик Шумахер на Големата награда на Велика Британија стигна до првите поени во Формула 1 шампионатот, а продолжи со освојување на бодови и во Австрија. Германскиот возач кој ја започна трката од деветата позиција на крајот заврши на шестото место со што освои осум бода, а интересно оствари идентичен резултат со својот татко.

Имено, во 1997 година Михаел Шумахер првите бодови на Големата награда на Австрија ги освои започнувајќи од деветата позиција и завршувајќи на шестото место.

На младиот Германец кој во моментот вози за Хас и покрај тоа што е дел од Ферари, му се предвидува светла иднина, а останува да видиме дали ќе ги следи стапките на својот татко кој со седум шампионски титули е изедначен на врвот на вечната листа.

Се вчитува...