Американката Микаела Шифрин е победничка на премиерата на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање.
На велеслаломската трка во австриски Солден, Шифрин до победата стигна со вкупно време од 2:07.22 минути, што беше за четиринаесет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Швајцарка, Лара Гут-Бехрами.
Подиумот го надополни актуелната освојувачка на големиот кристален глобус од минатата сезона, Петра Влхова од Словачка.
Утре на програмата во Солден е и првиот велеслалом во машка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА