„Бомба“ доаѓа од Апенините каде се погласни се најавите дека Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, би можел по завршувањето на сезоната да се пресели во Серија А. Во минатото главен фаворит за неговиот потпис беше Јувентус, но сега Милан сериозно се вклучува во трката.
Серхио Рамос се уште го нема обновено договорот со „кралскиот клуб“, а Паоло Малдини ја чека шансата да отпочне преговори со одличниот дефанзивец. Како што најавуваат италијанските медиуми, Милан е подготвен да му даде понуда што тој едноставно не би можел да ја одбие.
Шпанецот барем засега изјавува дека планира да остане во Реал до крајот на кариерата, но доколку не му беше понуден нов договор јасно е дека следното лето ќе мора да ги промени клупските бои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА