„Милан е незамислив без Малдини“

Се уште е непознато дали еден од креаторите на шампионскиот тим на Милан, Паоло Малдини и следната сезона ќе остане на „Сан сиро“. Голем број од легендите на „росонерите“ дадоа поддршка за останување на поранешниот капитен во клубот.

Меѓу нив најгласен е Алесандро Костакурта, со кој ја делеше соблекувалната на тимот. Тој вели дека Милан не може да се замисли без неговиот пријател Паоло.

„Не можам да го замислам Милан без Паоло Малдини. Не мислам дека раководството се морони, па затоа верувам дека наскоро ќе потпишат нов договор“, изјави Костакурта. 

Малдини го презеде местото спортски директор на клубот и веднаш успеа да направи тим кој по долги години ја врати титулата во Серија А.

Се вчитува...