Милан по вторпат сезонава ги разочара своите фанови губејќи на домашен терен од екипа што лани беше дел од Серија Б, по „киксот“ со Кремонезе во првото коло „росонерите“ вечерва се посрамотија и против Пиза, едвај стигнувајќи до реми од 2-2 со гол постигнат во судиското продолжение.
Пиза пристигна однапред „прежалена“ ако се знае дека овој тим беше „фенерџија“ на табелата во пресрет на ова коло, а кога Леао погоди во седмата минута се чинеше дека Милан рутински ќе стигне до бодовите. Сепак, лидерот на табелата играше премногу бавно во голем дел од мечот, а гостите го искористија тоа, најпрвин преку Квадарадо од пенал израмнувајќи на 1-1, а потоа во 86. минута преку Нзола стигнувајќи и до 1-2.
Милан тргна на се или ништо, па во 92. минута едвај спаси бод со голот што го постигна „резервистот“ Атекаме со удар од дваесетина метри.
Финишот беше суперинтересен откако Милан во 99. минута имаше и зицер за победа, но Салемакерс од идеална позиција шутираше крај голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

