Милан ги прифати условите – Ибрахимовиќ останува на „Сан Сиро“

Златан Ибрахимовиќ во следните денови ќе потпише нов договор со Милан откако постигнал целосна согласност околу условите за нова едногодишна соработка со „росонерите“. Швеѓанецот пристигна на шестмесечен договор по истекот на договорот со ЛА Галакси и беше меѓу најзаслужните за фуриозниот крај на сезоната на Милан, па управата на италијанскиот гигант на крајот ги прифати сите клаузули што Швеѓанецот ги побара во новиот договор.

Тој ќе земе шест милиони евра на име загарантирана плата, воедно ќе му следат 500.000 евра бонус ако Милан ја освои Лигата на Европа и уште 500.000 евра ако „росонерите“ обезбедат влез во Лигата на Шампионите, плус ќе има премии за секој постигнат погодок.

Златан Ибрахимовиќ одигра 18 средби во Калчо-лигата по трансферот од ЛА Галакси, притоа постигнувајќи десет погодоци.

 

Се вчитува...