Милан го купува Бакајоко од Челси

Милан и официјално ги почна преговорите со Челси за трансфер на Тимо Бакајоко. Раководството на „миланезите“ веќе постигна договор со фудбалерот од средниот ред кој минатата година беше на позајмица во Милан, па сега останува договорот со лондонскиот клуб.

Бакајоко веќе истакна дека е подготвен да се врати во Милан дури и преполовувајќи ја својата плата од шест на три милиони евра како би се реализирал трансферот. Но, за италијанскиот клуб останува договорот со Челси околу отштетата за фудбалерот.

Челси за Бакајоко бара 35 милиони евра, а Милан е подготвен да плати 25 милиони евра. Во тек се преговорите за да се најде износ задоволувачки за двете страни.

Се вчитува...