Милан го реши Сасуоло, Монтела пак спаси жива глава

Винченцо Монтела доби уште еден клучен натпревар на клупата на Милан, откако неговиот тим славеше на гостувањето против Сасуоло (0-2) во мечот што беше „да се биде или не“ за овој стратег, кој во случај на пораз сигурно ќе добиеше отказ.

Сепак, „росонерите“ уште еднаш одиграа одлично кога беше најважно за нивниот тренер, користејќи ја кризата на Сасуоло, оставајќи го овој тим без постигнат гол на четири натпревари во низа. На спротивната страна, Ромањоли со удар со глава го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, пред Сусо со прекраен гол по соло-акција да ги постави конечните 0-2.

Милан со вечерашниот триумф се искачи на седмото место на табелата со 19 бода, тринаесет помалку од лидерот Наполи.

Се вчитува...