Милан измисли нова функција само за да го задржи Ибра во клубот

Еден од најдобрите фудбалери во 21. век Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата блескава кариера како фудбалер на Милан, а токму клубот од „Сан сиро“ и по завршувањето на играчката кариера сака да го задржи во своите редови.

На популарниот Ибра понудена му е функција која досега не постоела во тимот на Милан. Се работи за човек кој ќе биде спој меѓу играчите и раководството на екипата.

41-годишниот Ибрахимовиќ покрај за Милан во кариерата играше и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси.

Се вчитува...