Милан успеа да се консолидира и да влезе во побендички ритам откако „росонерите“ вечерва триумфираа со 0-2 на гостувањето против Удинезе.
Домашниот тим се соочува со големи проблеми, имаше пет порази во низа во пресрет на денешниот меч, црна серија што продолжи и со денешниот дуел со „росонерите“.
Милан значително си ја олесни работата користејќи ја својата прва шанса, Модриќ маестрално го проигра Пулишиќ, а американскиот репрезентативец смирено ја смести топката во мрежата.
Конечните 0-2 во второто полувреме ги постави Хачинсон, кој натрча на една одбиена топка и немаше тешка задача да ја затресе мрежата на Удинезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
