Милан ќе го „украде“ Депај пред носот на Интер?

Мемфис Депај ќе пристигне во Милано, но не како ново засилување на Интер, туку најверојатно ќе потпише договор со градскиот ривал Милан. Раководството на „росонерите“ реагираше побрзо и успеа да го договори трансферот на Холанѓанецот. Тој беше голема желба на Лучијано Спалети, тренерот на Интер, но очигледно дека Милан ќе му го „украде“ пред нос и ќе го доведе на „Сан Сиро“.

Според италијанските медиуми, Депај ќе потпише петгодишен договор со Милан, а ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона. Лион треба да добие отштета од 40 милиони евра.

Холандскиот фудбалер пред една и пол година од Манчестер јунајтед пристигна во Лион и на 51 одиграни натпревари постигна 22 гола и имаше 17 асистенции.

Се вчитува...