Милан ќе ѝ го врати Дест на Барселона

Десниот бек на Милан, Сержињо Дест нема да остане во Милан по завршувањето на сезоната, и ќе се врати во Барселона, пренесува „АС“. Американскиот фудбалер настапува како позајмен на „Сан Сиро“, но не го импресионираше раководството на „росонерите“, па голема е веројатноста да се врати на „Ноу Камп“.

Како потврда за оваа информација доаѓа и фактот што тренерот Стефано Пиоли не го вклучи Дест во списокот за настап во Лигата на шампионите. Сезонава десниот бек настапи на 14 меча, од кои само на три беше стартер.

Барселона го позајми интернационалецот на САД на Милан за да добие поголема минутажа. Исто така има и откупна клаузула од 20 милиони евра, која Милан нема да ја плати.

Со оглед дека и Барса нема да смета на него во иднина, голема е веројатноста на лето да биде продаден. За него своевремено имаше интерес од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...