Милан купува дефанзивец од Селтик

Италијанскиот калчолигаш Милан има потреба од нов дефанзивец, а првиот избор Никола Миленковиќ од Фиорентина е веројатно недостижна опција. „Виолетовите“ бараат отштета од 40 милиони евра, па раководството на Милан се одлучи за друга варијанта. Блиску до ангажман на „Сан Сиро“ е стоперот на Селтик, Кристофер Ајер.

Италијанските медиуми информираат дека Милан ќе успее да го доведе за помалку од 20 милиони евра што е двојно помалку од сумата што Фиорентина ја бара за Миленковиќ.

Ајер е норвешки репрезентативец, висок е 198 сантинетри, а во Селтик дојде од норвешкиот Старт за само 600.000 евра. Тој има договор со Селтик до јуни 2022 година.

Се вчитува...