Милан најде замена за Донарума

Милан ќе се обиде да го ангажира Џо Харт доколку нивниот суперталентиран голман, Џанлуиџи Донарума, не ја продолжи соработката со „росонерите“.

Условите кои ги постави Донарума за да потпише нов договор се нереални според раководството на Милан. Младиот голман бара да биде најплатен играч во тимот, но новите газди сметаат дека тоа е невозможна мисија, па се подготвуваат за иднина без него. Неговиот договор истекува во 2018 година, што значи дека Милан во текот на наредната сезона во континуитет ќе се обидува да го наговори Донарума да стави потпис на нов договор.

Позајмицата на Џо Харт во Торино заврши, а јасно е дека нема повторно да брани за Сити, бидејќи Гвардиола потроши нови 40 милиони фунти за нов чувар на мрежата, и во Манчестер пристигна Едерсон од португалскиот првак, Бенфика. Се зборуваше дека Харт ќе остане уште една сезона во Торино, потоа се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во премиерлигашки клуб, но засега иднината на Харт останува неизвесна. Милан тоа би можел да го искористи.

Се вчитува...