Милан никако да се разбуди, Коларов донесе победа на Рома

Винченцо Монтела тешко дека ќе го преживее и денешното разочарување како тренер на Милан, откако „росонерите“ во уште еден потпросечен натпревар ремизираа 0-0 против Џенова. Мора да се истакне дека домаќините од средината на првото полувреме играа со фудбалер помалку по црвениот картон на Бонучи, но тоа не е никаква утеха за навивачите кои очекуваат атак кон врвот на табелата, а наместо тоа гледат како нивниот тим се повеќе тоне.

Рома го искористи отсуството на Белоти од тимот на Торино и го совлада на гостински терен овој незгоден ривал со 0-1. Александар Коларов повторно беше стрелец на „волчицата“, уште еднаш покажувајќи дека е едно од најдобрите засилувања од трансферите што беа реализирани во Италија во рамките од летниот преоден рок.

Резултати Италија:

Киево – Верона 3-2, Милан – Џенова 0-0, Аталанта – Болоња 0-0, Беневенто – Фиорентина 0-3, Спал – Сасуоло 0-1, Торино – Рома 0-1.

Се вчитува...