Милан прифати две понуди – Леао треба да избере

Раководството на Милан конечно успеа да најде решение за проблемот наречен Рафаел Леао, договарајќи ги условите за продажжба на португалскиот репрезентативец, и тоа со два клуба.

Галатасарај долго се обидуваше со позајмица, но турскиот шампион на крајот се согласи да плати 45 милиони евра, плус уште седум милиони ако се активираат неколкуте клаузули во договорот. Веднаш по објавата за овој договор се активираше и Астон Вила, премиерлигашот експресно испрати понуда со која ги израмнува бројките понудени од страна на турскиот гигант.

Челниците на Милан ги прифатија двете понуди, па на потег е самиот фудбалер кој ќе треба да пресече каде ќе ја продолжи кариерата.

Двата тима настапуваат во Лигата на Шампионите, понудата на Галата за плата на самиот фудбалер е нешто повисока, но Вила од друга страна му нуди шанса да заигра во најсилната лига на светот.

Леао е свесен дека за него веќе нема место во Милан и подготвен е да замине, а конечната одлука се очекува да ја соопшти најдоцна до утре.

Се вчитува...