Милан си „лапна“ аргентински талент од Лацио и тоа бесплатно

И официјално Милан објави дека постигнал договор за ангажман на 18-годишниот аргентински фудбалер Лука Ромеро кој доаѓа како слободен играч од Лацио, откако му истече договорот со римскиот тим. Тој потпиша со „росонерите“ до 2027 година.

Минатата година Ромеро одигра 12 меча за Лацио. Пристигна во Рим од Мајорка во 2021 година.

Основната позиција е десно крило, но може да игра и на левата страна, и во нападот. Тој уште пред неколку денови ги договори личните услови, но се чекаше лекарски прегледи и потпис. Тој е второ засилување за Милан после Рубен Лофтус-Чик од Челси.

Се вчитува...