Милан со Ибрахимовиќ не знае за пораз – Ребиќ повторно човек на одлука (ВИДЕО)

Милан стигна до третата победа во низа, откако славеше на традиционално тешкото гостување во Бреша со 0-1. Повторно како на мечот со Удинезе таличен за „росонерите“ беше хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ кој го постигна победничкиот погодок во 71. минута.

Со победата Милан се доближи на само седум бода од четвртата позиција на која се наоѓа Рома, а е последната која води во Лигата на шампионите следната сезона. Бреша останува претпоследна со 15 бода и до крајот на шампионатот ќе има тешка задача да успее да обезбеди опстанок.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...