Милан со ново засилување, Муса избран невообичаен број на дресот

Милан продолжува со засилувањата на играчкиот кадар откако „росонерите“ денеска комплетираа уште еден трансфер, потпишувајќи договор со 21-годишениот Јунус Муса.

Станува збор за американски репрезентативец кој доаѓа во Милан од редовите на Валенсија, клуб што ќе заработи околу 20 милиони евра од овој трансфер. Станува збор за фудбалер за врска, играч на чиј трансфер инсистираше тренерот Пиоли по заминувањето на Тонали, а управата на „росонерите“ му ја исполни желбата на шампионскиот трофеј.

Како што информираше Милан, договорот е потпишан со важност до 30 јуни 2028 година, а Муса избра невообичаен број на дресот, па во новата сезона ќе игра со 80-ка на грбот.

Се вчитува...