Милан со победа над Сампдорија ја започна новата сезона во Серија А

Тимот на Милан ја започна новата сезона во Серија А со победа на гостински терен, успевајќи да ја совлада Сампдорија на гостински терен со минимален резултат од 0-1.

Оваа значајна победа ја донесе Брахим Дијаз уште во 9-та минута, отворајаќи го мечот со брз гол и најава за борбен и динамичен двобој.

Во текот на овој натпревар можеше да се видат неколку сериозни акции од Сампдорија и Милан, но истите завршија без реализација, па овој единствен погодок во првото полувреме се покажа како сосема доволен за гостинска победа на тимот од Милано и освојување на првите три бода во новата сезона.

Се вчитува...