Милан со понуда за „шпионот“ на Куман

Милан се подготвува да го засили играчкиот кадар во јануарскиот преоден рок, а на врвот од листата со желби на директорот Малдини се наоѓа Рики Пуиг. Суперталентираниот плејмејкер на Барселона имаше значајна улога кај Кике Сетиен, но речиси и да не доби шанса во каталонскиот гигант откако Роналд Куман седна на клупата на Барса.

Нивниот однос уште повеќе се влоши откако Куман јавно на прес-конференција обелодени дека Пуиг е „шпионот“ кој издавал информации од соблекувалната во медиумите, со што беа влошени и односите на младиот фудбалер со соиграчите. Јасно е дека за него нема иднина во Барса додека Куман е тренер, а „росонерите“ планираат да го искористат тоа и да го доведат 21-годишниот играч за врска на „Сан Сиро“.

Понудата е веќе испратена, шестмесечна позајмица со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната. Проблемот на Милан е јасен, Малдини нема буџет за купување на нови фудбалери, но се очекува тоа да се промени откако тимот ќе обезбеди влез во ЛШ, што ќе донесе загарантирана финансиска инјекција за гигантот од „Сан Сиро“.

Се вчитува...