Милан спреми 120 милиони евра за Милинковиќ – Савиќ!

Сергеј Милинковиќ – Савиќ повторно е актуелен на италијанскиот фудбалски пазар. Изненадувачки, Јувентус не е клубот со понуда за српскиот ас, туку Милан, чии газди продолжуваат максимално амбициозно по ангажманот на Гонзало Игуаин. Тренерот Гатузо побара нов играч за врска за комплетирање на тимот, а раководството тргна амбициозно – токму по фудбалерот за кого летово се интересираа речиси сите европски гиганти, од Реал Мадрид и Барса преку Јуве, Манчестер јунајтед…

Проблем беше превисоката отштета од 150 милиони евра што ја бара Лацио, ниту еден клуб не понуди над 100 милиони, а токму тоа планира да го искористи Милан. Како што јавуваат италијанските медиуми, понудата на „росонерите“ ќе изнесува 120 милиони евра, од кои 40 милиони евра веднаш за едногодишна позајмица, со клаузула со која Милан би се обврзал наредното лето да доплати уште 80 милиони за целосно да го откупи договорот што Милинковиќ – Савиќ го има со римскиот клуб. Не се исклучува ниту можноста како дел од овој трансфер Милан да го испрати во Лацио својот играч за врска, Џакомо Бонавентура.

На потег е Лотито, кој ќе треба да реши дали да ја прифати оваа понуда која во секој случај е најдобра од сите добиени летово, или пак уште една година да го чува српскиот ас во надеж дека догодина би заработил уште повеќе од неговиот трансфер.

Се вчитува...