Милан тргнува по потпис на уште еден фудбалер од Челси

Пјер-Емерик Обамејанг ќе ја продолжи листата на заминувања од Челси ова лето. Габонскиот репрезентативец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како големо засилување во нападот во ерата на Томас Тухел, но во турболентната сезона на „сините“ настапи на само 21 натпревари во сите конкуренции.

За неговите услиги е заинтересиран Милан кој по Рублен Лофтус Чик и Кристијан Пулишиќ намерува да стигне до уште едно засилување од редовите на Челси, но проблемот кој се јавува е во големите примања на 34-годишниот голгетер.

Како опција се јавува и Марсеј, но и преселба во Саудиска Арабија каде тимовите и те како можат да ги исполнат неговите финансиски потреби.

Се вчитува...