Фудбалерите на Сасуоло продолжуваат со добрите игри против Милан во Серија А ја продолжуваат серијата без пораз во меѓусебните дуели.
Последен пат „росонерите“ славеле над Сасуоло во 2023 година и тоа на „Сан Сиро“ со минимални 1:0.
Денеска на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа 1:1.
„Росонерите“ поведоа со голот на Адриен Рабио во 63-та минута по асистенцијата на Лука Модриќ. Голот на Рабио може да го видите на следниот ЛИНК.
Но, радоста на фудбалерите и навивачите на Милан траеше само пет минути кога Одентал најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Онана и го израмни резултатот. Голот за 1:1 на Сасуелот може да го видите ТУКА.
По шест кола во Серија А, Милан е петти на табелата со 12 бодови, четири помалку од лидерот Интер, додека Сасуоло е десетти со осум освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
