Милано и Ефес им се вратија на победите, Олимпијакос ја доби Барселона

По поразот во претходното коло, Милано успеа да го совлада Химки на гостински терен со 93-102, во натпревар во кој одбраната беше во втор план. Шевон Шилдс го предводеше италијанскиот состав со 26 поени, додека прво име во домашниот тим беше Јонас Јеребко со 20 поени и 7 скока.

Од пораз се рехбилитираше и Ефес кој на домашен терен беше поуспешен од Асвел со 72-68. Гостите од Франција имаа предност во последната четвртина, како и шанса за изедначување на натпреварот, но не ја искористија. Бековската линија Мициќ-Ларкин со 22 поени и 18 поени и 5 скока беа предводниците на турскиот состав, додека Дејвид Лајти и Вилијам Хауард со по 14 поени ги предводеа Французите.

До изненадување стигна Олимпијакос кој на гостински терен славеше во Шпанија над Барселона со 88-96. Грчкиот состав ја имаше предноста уште од почетокот на натпреварот, а на крајот одолеа на налетот на домашниот состав. Никола Миротиќ со 16 поени и 3 скока беше прво име кај каталонскиот тим, додека Хасан Мартин ги предводеше гостите со 17 поени и 8 скока.

Се вчитува...