Младинскиот репрезентативец на Македонија, Миле Тодоров најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот прволигаш Осијек.
19-годишниот Тодоров откако неуспешно ја мина пробата во шкотски Глазгов ренџерс, сега се приклучи на подготовките на Осијек во Унгарија. Според последните информации од клубот, се очекува Тодоров да потпише договор со клубот со тоа што до крајот на сезоната ќе биде прекомандуван во Б-тимот на Осијек.
Тодоров беше стандарден првотимец на Работнички, но сосема неочекувано се одлучи на трансфер во хрватскиот третолигаш Новиград од каде сега е пред можност за продолжување на кариерата во Осијек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА