Милер им се извини на навивачите на Баерн Минхен

Германскиот гигант Баерн Минхен претрпе сензационална, но за него разочарувачка елиминација во Купот на Германија од страна на третолигашот Сарбрикен кој славеше со 2-1 на домашен терен благодарение на гол во 96. минута од натпреварот.

По натпреварот критики кон тимот упати директорот Криштоф Фројнд, но и Томас Милер кој воедно беше и единствениот стрелец за својот клуб на средбата. Искусниот фудбалер прво критикуваше неколку соиграчи пред тв-камерите, а потоа се огласи и на социјаните мрежи.

„Доживеавме тежок пораз кој ќе биде тешко да го надминеме. Се извинувам на навивачите за однесувањето на целата екипа по натпреварот. Не ви покажавме почит. Можеби „Класикер“ против Борусија Дормтунд ќе биде совршена шанса да ја поправиме ситуацијата“, напиша Милер.

Се вчитува...