Милер искрен: Црвениот картон ни ја олесни работата

Томас Милер одигра значајна улога во победата над Бешикташ од 5-0, но асот на Баерн Минхен искрено говореше по натпреварот, потенцирајќи го црвениот картон на Вида кон средината на првото полувреме ако клучен момент на дуелот на „Алијанц арена“.

„Црвениот картон ни помогна, дефинитивно ни ја олесни работата. Во првото полувреме се мачевме да ја искористиме предноста, не бевме доволно агресивни. Треба да играме напред како што тоа го правевме во вториот дел – храбро и со сите сили“ – изјави Милер, кој постигна два погодоци против Бешикташ, исто колку и Роберто Левандовски.

Се вчитува...