Милер не дозволи нов „кикс“ на Баерн

Баерн Минхен по голема борба славеше над Фрајбург со 2-1, успевајќи да се рехабилитира од елиминацијата од Купот на Германија од второлигашот Холстен Кил. Овој неуспех дефинитивно имаше оставено трага врз изданието на актуелниот првак, дополнителен проблем претставуваа врнежите од снег за време на мечот, но баварскиот гигант сепак успеа да стигне до триумф благодарение на Томас Милер.

Германскиот ветеран му асистираше на Левандовски при водечкиот погодок на самиот почеток, а откако гостите израмнија Милер самиот го постигна победничкиот гол, на асистенција на Лирој Сане.

Проблем за тренерот Флик е што во првото полувреме повреда заработи Гнабри, кого ќе го очекува нова пауза од фудбалските терени.

 

Се вчитува...