Милев: Ние не знаеме да играме опуштено… Најдобри сме кога сме под притисок!

Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 17:30 часот против Азербејџан во Белгија го почнува вториот од трите турнири во годинашата Европска златна лига.

Овој втор турнир за македонските одбојкари е секако значаен затоа што само тука, во Беверен, може да почувствуваат како е да се подготвува натпревар со фаворитска улога. Таков е и ставот и на најискусниот во македонските редови, Владо Милев, кој смета дека Македонија е најдобра кога мора.

„Ние не знаеме да играме опуштено… Најдобри игри покажуваме кога сме под притисок и кога играме меч кој мора да го добиеме. Се надевам така ќе биде и против Азербејџан, да ја оправдаме фаворитската улога, максимално мотивирани да пристапиме на мечот, со сериозен ангажман да го прикажеме најдоброто и да дојдеме до првата победа во Европската златна лига“ – вели Милев.

Се вчитува...