Милевски: Овие два натпревари добро ќе ни послужат за квалификациите

Селекторот Благоја Милевски пред утрешниот меч со Финска, и потоа со Азербејџан рече дека ќе се пробаат некои различни варијанти и дека ќе се поправи она што недостасувало на последните два натпревари.

Милевски смета дека овие два меча ќе бидат добродојдени пред почетокот на квалификациите идната година во март.

„Лигата на Нации е зад нас, сега е актуелно Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција, за сето она што не очекува во март. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, и тоа како квалитетни тимови и репрезентации, Финска е супер тим како тим, неслучајно се во вториот шешир, и точно ќе ни дојде како насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што не очекува и во групната фаза. Знаете дека имаме квалитетна група, и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници.“, рече Милевски.

Селекторот кажа дека можни се некои промени, особено со цел да се подобри реализацијата.

„Ќе има некои промени, особено што последните мечеви ни дадоа некои насоки особено во реализацијата дека треба да се подобриме. На тој момент не бев задоволен, и се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент“, вели предводникот на нашиот национален тим.

Се вчитува...