Казахстан е ривалот на Македонија во седмиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада. Мечот се игра во Скопје утре од 20:45 часот.
Селекторот на националниот тим, Благоја Милевски на денешната прес-конференција ги искажа очекувањата од мечот со Казахстанците, кој Македонија го дочекува како првопласиран во групата Ј, и очекувањата се да се остане таму пред последниот меч против Велс на гостински терен во ноември.
„Секој натпревар е важен, секој следен е најважен, така што Казахстан ни е најважен натпревар затоа што е прв на менито. Се согласувам дека ќе биде и тоа како тешко, покажа ривалот и на првиот меч дека е квалитетен тим. Малку ќе ни биде тешко за анализа од фактот што имаат нов селектор, мислам дека сме подготвени да одговориме на секој вид предизвик и се надевам дека сите ќе бидеме спремни да одговориме на утрешниот предизвик“, изјави Милевски.
Селекторот истакна дека играчите се подготвени физички и после оној исцрпувачки меч во Гент против Белгија.
„Медицинскиот тим направи се што можеа да се опорават играчите најбрзо можно. Момците секогаш барем до сега се оставаат на страна и замор и сето она што може да ги поремети, и максимално фокусирани и подготвени ќе бидат утре“, напомена Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

