„Милионерите“ газат, ама и Баерн се врати во ритам

Борусија Дортмунд и понатаму е единствениот непоразен тим во Бундес-лигата, а денеска ја оствари шестата победа, и тоа убедлива на гости против Штутгарт (0-4). „Милионерите“ по овој триумф се на врвот на табелата со 20 бода, а славеа со головите на Џејсон Санчо, Марко Ројс, Пако Алкасер и на Максимилијан Филип.

Баерн Минхен по очајниот период се врати во победнички ритам и славеше на гости против Волфсбург со 1-3. Роберт Левандовски беше двоен стрелец, Вут Вегорст намали 1-2, а иако баварскиот тим остана со играч помалку поради исклучувањето на Арјен Робен, сепак, Хамес Родригез го потврди триумфот на Баерн Минхен во 72.минута.

Резултати Германија: Волфсбург – Баерн Минхен 1-3, Аугсбург – Лајпциг 0-0, Баер Леверкузен – Хановер 2-2, Нирнберг – Хофенхајм 1-3, Штутгарт – Борусија Дортмунд 0-4.

Се вчитува...