„Милионерите“ ја освоија Прага, Наполи неефикасен против Генк

Борусија Дортмунд успеа да слави на гостувањето против Славија Прага (0-2) и стигна до првата победа во групата Ф. „Милионерите“ беа подобар противник и го валоризираа квалитетот преку Ашраф Хакими кој беше двоен стрелец. Првиот погодок го постигна во 35. минута, а пред самиот крај го потврди триумфот и со втор гол во мрежата на Славија Прага.

Елиф Елмас беше стартер во дресот на Наполи на гостувањето кај Генк и беше на теренот еден час, а потоа му го препушти местото на Дрис Мертенс. Но, ниту тој не помогна „наполитанците“ да го пробијат беденот на домаќинот.

Се вчитува...