„Милионерите“ убедливи против Хановер

Борусија Дортмунд ја оствари 15.победа во Бундес-лигата оваа сезона совладувајќи го Хановер на домашен терен со убедливи 5-1. Со ова „милионерите“ се зацврстија на врвот на табелата со 48 бода, девет повеќе од Баерн Минхен, кој утре игра против Штутгарт.

Ашраф Хакими го отвори резултатот, а Марко Ројс зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел. Две минути подоцна погоди и Марио Геце, а капитенот Ројс беше асистент на четвртиот гол за Гвереиро. Во финишот Витсел постигна и петти гол, а почесниот погодок за Хановер претходно беше дело на Бакалорз.

Борусија Менхенгладбах славеше со 2-0 против Аугсбург. Оскар Вент беше стрелец на првиот гол, а триумфот го потврди Патрик Херман.

Резултати Германија: Борусија Менхенгладбах – Аугсбург 2-0, Борусија Дортмунд – Хановер 5-1, Фрајбург – Хофенхајм 2-4, Мајнц – Нирнберг 2-1, Волфсбург – Баер Леверкузен 0-3.

Се вчитува...