„Милионерите“ во криза: Пораз и од Штутгарт, трет во низа!

И петти едноподруго натпревар Борусија Дортмунд не знае за победа во Бундеслигата. Во првиот натпревар од 12. коло, „милионерите“ загубија и на гостувањето против Штутгарт со 2-1 запишувајќи го и третиот пораз во низа.

Домашните дојдоа до водство со голот на Аколо уште во 5. минута од натпреварот. Сепак, Борусија Дортмунд успеа да израмни преку Филип во судиското продолжение од првото полувреме, откако претходно Шурле промаши пенал.

Но, во второто полувреме Штутгарт дојде до ново водство во 51. минута со голот на Брекало…

Борусија Дортмунд, по овој пораз, остана на третата позиција со 20 бода, шест помалку од водечкиот Баерн Минхен. Штутгарт, пак, се искачи на 9. место со 16 бода.

Се вчитува...