„Милионерите“ во последен миг до триумф во Берлин

Борусија Дортмунд оствари значаен триумф против Херта, а до него стигна со погодокот на Марко Ројс во судиското продолжение од мечот. „Милионерите“ сега имаат три бода предност во однос на Баерн Минхен во трката за шампионската титула. Баварскиот тим утре го пречекува Мајнц на домашен терен.

Саломон Калу во четвртата минута донесе водство за Херта, а израмни Томас Дилејни десет минути подоцна. Калу од пенал по вторпат обезбеди предност за составот од Берлин во 35.минута. Сепак, во вториот дел стигна одговорот од „милионерите“.

Загаду во 47.минута успеа да израмни, а Марко Ројс во третата минута од судиското продолжение донесе триумф. Во последните пет минути Херта остана со двајца играчи помалку поради исклучувањата на Тунарига и на Ибишевиќ.

Се вчитува...